fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаРурален туризамРурална ЖенаТоп вести

Лејла од Валандово е адвокат, а откако ќе заврши со правните работи продава калинки на тезга

Лејла Рајкова го прави најубавото слатко од Валандово

Лејла Рајкова по професија е правник, но по завршувањето на административните работи оди на пазар да продава калинки кои ги одгледува заедно со другите членови на семејството.

Како правник, прво ги завршуваш административните работи па излегуваш да продаваш калинки? Да. Дали некогаш се чувствувате непријатно? Не, никогаш. Не се срамам затоа што работам чесно, да, овие случаи се ретки, но не се срамам од мојата работа“, рече Лејла Рајкова – адвокат.

Зелена берза ја објави приказната за Лејла уште во 2021 година https://zelenaberza.com.mk/

Во последните години ова семејство обработува 20 декари земја и тоа под овоштарници со цреши, јапонска јаболка, смокви, најмногу калинки, а меѓу нив има и други овошки од кои го прави највкусно слатко во Валандовскиот регион. Рајкови имаат и лозови насади па прават домашен маџун, домашна ракија, мастика и ликери. Иако имаат полни раце работа, сепак имаат уште неколку декари слободна обработлива површина која планираат да ја посадат со нов насад под овошки.

За семејството на Лејла земјоделието и правењето на зимница е веќе семеен бизнис.

-Нашата домашна палета со производи е многу голема и постојано ја надополнуваме, создавајќи нови вкусови заедно со свекрвата Драга од каде што и почна целата наша приказна. Во нашата фамилија земјоделието е присутно отсекогаш. Традицијата на правење домашно слатко е дел од самите нас. Се знае секоја година се прават; слатко, компот, зимница, ајвар и тоа е еден вид традиција. Иако може да се каже дека таа традиција за жал се повеќе се напушта, вели Лејла во разговор за „Зелена берза“ и додава дека во Валандово се знае дека слаткото од зелена смоква и слаткото од зрела смоква се прави во секоја куќа.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close