До 3000 евра може да се заработи по хектар од жалфија, а ако се засади во стакленици, профитот е неколку пати повисок.
Производството на лековити билки придонесува побрзо и полесно да се заработи за разлика од некои други земјоделски производи.
Исплатливоста зависи од повеќе фактори како што се површина, локација, механизација и опременост.
Предноста на стаклениците е тоа што може да се работи во текот на целата година.
На тој начин годишно има по 3-4 жетви и се заработува повеќе.
Парите кои ќе се вложат се враќаат повеќекратно.
Во соседна Србија од производство на лековити билки живеат 5000 луѓе.