fbpx
ВестиТоп вести

Лешници – Се што треба да знаете пред да подигате насад под лешник

 

Еден од најпривлечните агробизниси последниве години стана одгледувањето на лешници. И со право од она што се гледа од веќе подигнатите насади ова е овошната култура која носи нови поволности за земјоделците. Периодот на пролетно садење на лешниците е завршен и секако поризичен. Попрепорачливо и посигурно е подигањето на насад во есен. Но подготовките на површините и порачката на посадочниот материјал се прави токму сега. За површината која ќе ја планирате за насад под лешници мора најнапред да направите агрохемиска анализа за да ја знаете основата од каде да се тргне натаму со агротехничките мерки и треба да видите дали имате доволно вода.

-Многу важен фактор е водата бидејќи лешникот бара по 50 литри вода од дрвце неделно, што се околу 25 метри кубни вода а кога ја полни јатката во јуни месец потребите од вода се двојно поголеми заради што прво што се прави е да се види дали ќе имате доволно снабденост со вода вели Сашко Крстевски одгледувач на лешници од Скопје.

Откако ќе се утврдат микроклиматските да не е над 1100 метри надморска височина , почвените услови и доволно количество на вода се прават пресметките за подигање насад под лешници. Грубата математика за еден хектар површина изгледа вака:

Садници 500 парчиња  ( растојание 5х4 метри)        х 3 евра дрвце        = 1500 евра

Риголовање (најмалку 60 сантиметри длабочина)                           = 500 евра

Рамнење со брана                                                                                     =100 евра

Работна рака ( 5 работника)                                                                    = 100 евра

Арско ѓуре ( една тракторска приколка, по 2-5 лопати во дупка)   = 50 евра

Други трошоци                                                                                            = 250 евра

Вкупно                                                                                                         2500 евра

Систем капка по капка                                                                                 500 евра

Ограда                                                                                                           1000 евра

 

Од оваа пресметка се гледа дека на еден хектар потребни ви се 500 до 550 садници бидејќи е најпрепорачливо садење на растојание 5 метри каде што ќе се движи тракторот и 4 метри растојание од дрво до дрво. Изборот на садниот материјал е клучната работа во целиот процес од кој ќе зависи дали бизнисот ќе го поставите на здрави темели.

-Ние работиме со садници од Италија од сортата Tonda Gentile delle Langhe (Trilobata).  Тоа е самоопрашна сорта на лешник која досега во земјава е раширена на повеќе од 600 хектари. Голема предност е тоа што плодовите на оваа сорта се воедначени, високо родна, доста барани на извозните пазари и оваа сорта кога ќе созрее плодот во периодот од 10 до 20 Август самиот паѓа на земја и по 4 до 5 дена оставен на сонце во вреќички да се просуши подготвен е да оди за продажба. Со мали машини за собирање процесот е доста брз и нема трошоци и главоболки за големи потреби од работна рака. Садниците се првокласни, со доста развиен коренов систем а од расадникот од Италија пристигнуваат со сите потребни документи и сертификати како гаранција за квалитет и документи потребни за добивање на субвенции. Она што е многу значајно ние нудиме садници со целосна поддршка и едукација. Еднаш до два пати во годината доаѓа агроном експерт за лешници од Италија со кого соработуваме и ги посетуваме сите наши кооперанти кој ќе ги добијат сите информации како да произведат квалитетни лешници кои ние понатаму ќе ги откупиме како што се обврзуваме со договорот кој го добиваат уште со набавката на садниците , вели Крстевски.

Откако нивата е изриголована, потоа со брана израмнета се маркираат местата за садење  и со сврдел или со лопата се копаат дупките во кој под коренот се ставаат од 2 до 5 лопати арско ѓубре зависно од анализите на почвата . Проценките се дека со 2 500 евра може да се подигне насад под лешници додека дополнителни 500 евра се потребни за добар цревата за систем за наводнување со капалки кои имаат по 15 години гаранција. Зависно дали ќе биде снабдувањето на вода од канал, река или бушотина ќе зависи и дали ќе има дополнителни трошоци и за овој дел од инвестицијата како многу значаен сегмент. На крајот ќе остане да загради за што трошоците се околу 1 000 евра од хектар. Што значи дека со 4 000 евра од хектар може да се подигне солиден и целосен насад под лешници. Во следните години во расходната страна треба да се смета дека ќе бидат потребни 3-4 преорувања и 3-4 прскања кои порано ги немаше кај лешникот но сега со климатските промени мора  да се сузбиваат инсектите кои се штетни за лешникот. Годишниот трошок за одржување е по околу 500 евра а толку се и субвенциите кои се добиваат за оваа намена. Дополнително како инвестиција може да смета и на набавка на трактор кој може да биде Тафе 42 како сосема доволен за потребите на овошниот насад.

Во приходната страна за лешниците може да сметате дека државата прави поврат на 50% од инвестицијата која е прикажана со документи, било да се тоа садниците, системот за наводнување, жица за ограда, трактор и слично. Кај лешникот од петтата година почнуваат приходите и профитабилноста.  Дрвцата ќе родат и во трета и четврта година но тоа се помали приноси кои не се за пресметка. Во 5та година родноста треба да биде по 2 кг од стебло што е род од околу 1 тон.

-Првите насади во земјава кои се подигнаа со лешник во соработка со нас годинава имаа добра родност и веќе од Виница каде е нашиот откупен центар се извезе еден шлепер со 15 тона лешник за Италија и производителните беа задоволни. Откупните цени се според берзанските движења. За не кршен лешник со јатката цените во 2017 година беа од 3 до 3,3 евра за килограм додека лани беа од 2 до 2,5 евра по килограм зависно од тоа како е одгледуван лешникот и дали при кршењето се отпадот и лешникот се во сооднос 50% со 50%, вели Крстевски.

Од седма и осма година лешникот од еден хектар дава по 4 кг од стебло или тоа се по 2 тона од хектар не кршен лешник кој пресметан по некоја просечна откупна цена од 2,5 евра е 5 илјади евра приход од хектар. Полна родност лешникот достигнува во 13 до 14 година до староста кога приносите се движат од 8 до 12 килограми од стебло. Ваквата полна родност е до 50 та година. Лешникот може да се експлоатира 70 години а по тој период се оди на подмладување на насадот преку сечење на по една од главните гранки до земја и обнова со нови млади гранки кои потоа ќе им треба време да дојдат до полна родност.  Дека лешникот е долговечна родна култура признава и државата па сите ниви земени под концесија наменети за лешници ги дава со договор токму на 70 годишно користење.

З.Б.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close