ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТИ ЗА СИЛАЖА И ПРАВИЛНО СКЛАДИРАЊЕ НА СЕНАЖА СОБИРАЊЕ НА ОТПАДНИ МАТЕРИИ ОД СИЛАЖАТА

Отпадните материи кои се добиваат за време на подготовката и складирањето на силажата треба да се собираат. Треба да се спречи исцедувањето на отпадните материи од силажата во природата. Истекувањето на отпадните материи од силажата, дури и во мали количини може да предизвика помор рибите и другите животински видови.

Практични упатства

  • Количеството на отпадни материи од силажата изнесува 5 до 10% од волументот на исушените тревнати растенија или 20% од волуменот на зелените тревнати растенија.
  • Може да се собере и складира во дупки за кашести смеси за ѓубрење доколку мешавината од отпадни материи и кашести смеси за ѓубрење не изнесува повеќе од 5% од вкупниот волумен.
  • За да се обезбеди правилно одржување на објектите, треба да се земе предвид дека отпадните материи од силажата предизвикуваат корозија кај различни матерјали вклучуваќи го челикот и бетонот.
  • Отпадните материи од силажата можат да се искористат како ѓубриво во соодност 50 m3/ha.

Местоположбата на објектите за силажа треба да бидат одалечени најмалку 10 метри од површинските води, како би се спречило загадување.

Правилно складирање и користење на сточната храна обезбедува погодни санитарни услови за животните во објектите и како и при произведувањето квалитетни и незагадени животински производи.

Практични упатства

  • Ситно мелена сточна храна и фуражните остатоци го зголемуваат количеството прав
  • Мирисите може да се апсорбираат од честичките на правта и на тој начин се шират во воздухот.
  • Концентрирана сточна храна треба да биде добро заштитена од влага.
  • Храната што може да произведе силни мириси да се чува во добро изградени, затворени резервоари или силоси.
  • Добро направена силажа произведува помалку мириси отколку силажа која не е квалитативно подготвена.

    silaza

СКЛАДИРАЊЕ НА БАЛИ ОД СЕНАЖА

Производителите го чуваат сеното во разни форми на бали – најчесто округли.

  1. Загубите во такви балите движат:
  • На отвотено, складирани на земја и незштитени, изнесуваат од 25-35% од масата
  • Замотани во мрежа и држани на земја во просек 15-25% од масата
  • Подигнати бали од земјата 10-20% од масата.
  1. Балите под настрешница, покриени со непропустлива церада или фолија и замотани во пластична фолија:
  • Загубата на маса е 4-7%

Петар Трајковски, Советник во АПРЗ

Share Button