fbpx
ВестиВино

Лозарите бараат 15 денари за „вранец” и 13 за „смедеревка”, велат дека од Министерството се уште тактизираат

Лозарите бараат 15 денари за килограм „вранец” и 13 за „смедеревка”, ова, велат тие, се реалните производствени цени за најзастапените вински сорти кои тие ги пресметале за годинешнава гроздоберска реколта.

Претседател на здружението „Напредни лозари” Трајче Кулев, за МИА информираше дека тие бараат откупувачите на грозје да покажат и банкарски гаранции за да докажат дека се сериозен партнер за откуп на родот, а плаќањето да го извршат во најкус можен рок.

– Имавме неколку средби со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на оваа тема, кои пак, околу откупот на грозје имаат разговарано и со винарите, кои се уште тактизираат. Очекуваме заедничка средба со претставници на винарските визби со медијаторство на Министерството, за да преговараме околу годинешните цени на винско грозје, рече Кулев.

Тој изрази надеж дека преговорите ќе бидат успешни и дека конечно, по долги години, ќе се случи толку многу очекуваното зголемување на цените за килограм винско грозје.


 

курир.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close