Агро бизнисВестиТоп вести

Лозарите не сакаат прослава за гроздоберот, туку откуп по фер цени

Кавадарци и годинава ќе живее во духот на традицијата и виното со одржувањето на „Тиквешки гроздобер 2026“ од 4 до 6 септември. Тридневната програма носи бројни културни, спортски, гастрономски и забавни содржини, со активности распоредени на повеќе локации низ градот. Но лозарите велат „Прво откуп, па после песна“ и јавно повикуваат на бојкот на манифестацијата.

„Грозјето скапува по нивите, лозарите се пред целосна пропаст и неизвесност, а Општина Кавадарци троши народни пари за скапа естрада и забави!
​Додека обичниот лозар се мачи да преживее и се прашува дали воопшто некој ќе му го откупи родот по фер цена, надлежните организираат гламурозни манифестации како ништо да не се случува. Со години слушаме само празни ветувања за дестилерии и решенија пред секоја берба, а реалноста се само нови даноци, повисоки комуналии и занемарен домашен труд. ​Јавните пари мора да служат за економијата, развојот и народот – а не за проекти без реална потреба додека нашите семејства се иселуваат!“, велат од Националнта земјоделска мрежа, потенцирајќи дека тие го пренесуваат револтот на лозарите од Тиквешијата за Слободен печат.

Неофицијално, дел од винарниците се полни со непродадено вино од минатите реколти. Лозарите особено алармираат дека не им се откупува црното грозје. Во Македонија се одржуваат и Денови на вранец, но интерес нема.

– Најзастапената и најпрепознатливата винска сорта во земјата – вранецот – се најде во сериозен застој откако поголем дел од домашните преработувачки капацитети најавија дека драстично ќе ги намалат откупните количини, а дел од винариите целосно го сопираат приемот на оваа сорта – велат од Националната земјоделска мрежа.

Поврзани новости

Back to top button