fbpx
Вести

Лозарите се заканија со блокади на патиштата во Неготино и во Кавадарци

На прагот на бербата на годинашнава реколта грозје, лозарите од Тиквешијата што минатата година својот род винско грозје го предале во винарската визба „Повардарие” од Неготино го кренаа гласот и побараа средба со претставници од визбата, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Министерството за финансии, градоначалниците на општините Кавадарци и Неготино и пратениците во Собранието на Република Македонија од двете општини.

lozarite se zakanija so blokadi na patishtata vo negotino i vo kavadarci

 

На вчерашната средба дојдоа само лозарите и претставниците на винарската визба „Повардарие”. Загрижени за реализацијата на претстојната берба, лозарите се обратија до медиумите за да допрат до надлежните што побрзо да се најде решение за нивната незавидна состојба. Претставниците на лозарите испратија предупредување дека доколку не се одговори позитивно на нивните барања, тие в понеделник, на 18 јули, најавуваат блокада на регионалните патишта во општините Кавадарци и Неготино.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close