fbpx
Вести

Лозарство: Колку чини инвестирањето во „капка по капка“?

lozje

Користењето на системите за наводнување „капка по капка“ е најголемо во лозарството. Според пресметките неговото поставување за еден хектар ќе го чини земјоделецот 3.700 евра. Преку субвенциите од 60 проценти, трошоците за оваа инвестиција можат да се намалат, а техничките проекти за инсталирање се бесплатни.

Со промената на климата и топлите и сушни лета се зголемува и потребата за воведување современи системи за наводнување кои штедат големи количества вода и ги зголемуваат приносот и квалитетот на родот.

Системите „капка по капка“ кај нас се најмногу застаени кај лозовите насади и даваат одлични резултати. Колку треба да издвојат лозарите за една ваква инвестиција?

Последните пресметки покажуваат дека за веќе постоечки насад се потребни 3.700 евра за хектар.

За да ги намалат трошоците, лозарите од ИПАРД програмата можат да побараат и враќање на дел од средставата во висина од 60 проценти, односно да им бидат вратени скоро 2.200 евра.

Системот за наводнување капка по капка во кој инвестира земјоделецот во тој случај би го чинел 1.480 евра, средства кои може брзо да се повратат, а опремата останува да се користи подолг период.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close