fbpx
ВестиМакедонија

Македонија има најевтина храна и пијалоци во Европа

Новата анализа на Еуростат, со податоци од 2019 година, објавена деновиве, ја сместува Северна Македонија на дното во Европа според трошоците за основните потрошувачки производи.

Статистиката на Еуростат покажува дека во Северна Македонија граѓаните купуваат најевтина храна, безалкохолни пијалоци (кафе, чај, минерална вода, овошни сокови и др.) и тутун од сите 37 држави на европскиот континент.
Новата анализа на Еуростат, со податоци од 2019 година, објавена деновиве, ја сместува Северна Македонија на дното во Европа според трошоците за основните потрошувачки производи, или обратно, на врвот како најевтина.

За задоволување на основните потреби, плус цигари, на македонскиот граѓанин му се потребни само 61% од средствата на ЕУ просекот. На пример, доколку една потрошувачка кошничка со овие производи во европска земја би чинела 100 евра како средна вредност, во Северна Македонија истата би била речиси половина поевтина.
На второ место оддолу, веднаш по С. Македонија е Романија чии граѓани можат да купуваат храна, безалкохолни пијалоци и тутун за 65% од просекот, а потоа следуваат Полска и Турција.https://www.dw.com/mk/a-55985201?maca=maz-rss-maz-eco_timemk-4723-xml-mrss

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close