Агенцијата за финансиска подршка и рурален развој како имплементатор на ИПАРД програмата излезе со многу оптимистички прогнози, околу искористувањето на средствата од ИПАРД програмата.
Првиот човек на агенцијата Николче Бабовски, вели дека годинава од оваа програма ќе се искористат сите пари од европските фондови. Како што рече досега се искористени 30 % од европските пари. Тој додаде дека средствата одат во вистински раце, и затоа земјава станала лидер во регионот
– Зошто велам лидери во регионот, затоа што за многу краток период имаме дадено на користење повеќе од 23 милиони евра кои треба да се реализираат, а исто така продолжуваме и со наредни повици за оваа програма за која имаме 974 склучени договори од кои над 800 се веќе реализирани и имаме враќање на 4 милиони ерва, тоа се свежи пари кои се враќаат во Македонската економија .Наближуваме до 30 проценти искористеност од 80 милиони евра кои се предвидени во овој програмски период, со тоа што течат обработките на 1099 апликации кои се однесуваат на модернизирација на земјоделското стопанство и за мерка 65 апликации од кои 25 договори се склучени. Во тек е објавата за мерка 7 диверзификација на бизнис и рурален развој. Во првиот ИПАРД период беа искористени само 17 отсто од расположиви средства . Во програмскиот период очекуваме 100 % искористенот– изјави директорот на Агенцијата Николче Бабовски.
Национален ИПАРД координатор на оваа програма е Вицепремиерот Бујар Османи. Тој заедно со агенцијата и со преставници на Министерството за земјоделие деновиве излегоа на терен, да видат каде завршуваат парите од ИПАРД 2 програмата. Најчесто во јавноста овие средтства од ИПАРД според Османи биле перцепирани како апстрактни, но тоа се конкретни проекти кои го подобруваат животот на луѓето, напредокот на фирмите и на економијата воопшто, рече Османи
– Денеска сме на еден таков успешен проект успешен семеен и модерен бизнис. Навистина е за почит кога луѓето развиваат семеен бизнис искористувајќи ги средствата од ИПАРД програмата а со тоа и отвораат нови работни места. Да не заборавиме дека преку даноци од европските граѓани се даваат средствата од ИПА програмата, тоа е политиката на Европската унија, а тоа е солидарноста, се со цел да се развие регионот за да можеме ние како држава и другите да влезат подготвени во Европската унија. Тоа се илјадници проекти за нашите бизниси, кои ја зголемуваат економијата. Ние предничиме од сите земји во регинонот во однос на искористувањето на средствата од ИПАРД 2 програмата, рече Османи по посетата не една приватна мелница во тетовско ЖелиноСтанува збор за вкупна инвестиција во компанија од Желино во износ од 128 илјади евра, од кои 64 илјади евра се пари кои и се вратени преку ИПАРД програмата. Производството е комплетно модернизирано, набавена е нова механизација, машини и вага.
ИПАРД 2 програмата е примамлива за земјоделците, ама тешко се исполнуваат условите за добивање на средствата, велат од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието подрачно одделение Тетово
Оттаму велат дека најтешко ги добиваат средствата сточарите кои сакаат да аплицираат за доградба или изградба на штала, магацин или било каква одгледувачница за стоката. ИПАРД 2 програмата бара пред се исполнување на еколошки стандарди што подразбира интервенција во постоечкот објект или изградба на нов. Но за вакви објекти општината не може да даде дозвола, зато што истите не се дел од урбанистичките планови на руралните општини.
-Кај нас 90 % од одгледувалиштата тука во тетовско ги немаат решено тие проблеми со складирање и справување со арското ѓубре а тоа е еден од најголемите проблеми, тоа е голем фактор за загадување на животната средина. Тоа мора да се реши на соодветен начин, дали тоа ќе бидат јами или платформи. Проблем е кај овие фарми кои се во населени места, а самите фарми не влегуваат во урбанистичките планови на општините како дејност одгледување на стока.Општината не може да има даде дозвола, затоа што во одгледувачниците 90 % не се дел од урбанистичиот план претежно на руралните општини. Може да се дислоцираа, но за тоа треба да имате поголема површина. Земјоделците може ја имаат таа поголема површина но надвор од населени места, а за овие површини не може да се извади дозвола за градба, затоа што се работи исто така за места кои не се дел од урбанистичките простори на општина и пак се јавува проблем, а тука нема ниту пристапни патишта, рече Петре Петрески од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието
Во ИПАРД програмата може да се аплицира од 300 до 1 500 000 евра.
Земјоделецот откако ќе инвестир, поднесува да му се вратат средствата , минимум 60 % од инвестираното, ако се работи за младо лице му се враќаат 65 %.
Зоран Димовски