Мала помош дадена во вистинско време – темел за успех

(Oвој напис е објавен на: May 10, 2019)

 

Пн: Приказната на Елизабета Најданова од  с. Муртино  е една од оние успешни приказни кои траат Текст: Над 2 милијарди луѓе во светот немаат пристапдо формални финансиски институции. Таков е и случајот со Елизабета Најданова од с. Муртино. Елизабета Најданова и сопругот, се занимаваат со земјоделие повеќе од 27 години, како и повеќето од населението од овој крај. Работат сами со помош на роднини и некогаш најмуваат аргати. Не поседуваат механизација и најчесто позајмуваат од блиските – пријатели, роднини, а тие им враќаат со работна сила.  „Работата е тешка, но ние сме навикнати на работа. Си помагаме едни со други со цел да опстоиме. “

Вели Елизабета.

Најголемата поддршка ја добила во 2009 година од ХОРИЗОНТИ, со користењето на агро групен заем. Оттогаш, Елизабета секоја година користи агро групни заеми. Таа вели дека од Хоризонти тие добија не само поддршка, туку и долгогодишен партнер. Корисник е на износи од 50 000 ден. до 90 000 ден., во зависност од потребата од инвестирање, со рок на враќање до 12 месеци.

Поради местоположбата на нивите и специфичноста на регионот, во овој крај е застапено производството на пиперки и зелка. Најмногу куртовска капија, попозната како ајварска црвена пиперка околината. Заемите од ХОРИЗОНТИ, Елизабета и сопругот ги користат за набавка репроматеријали за инвестирање за почеток на сезоната. Најчести тековни трошоци се набавка на семиња, ѓубрива и препарати, најлон, гориво, наем на земјиште – кои им се потребни да ги набавуваат два пати за пролетното и есенското производство.

Тие садат под отворен и под затворен тип (фолиско производство). Садат и пченка, пченица и јонџе, но за домашни потреби и храна за добиток, бидејќи имаат коњ со кој одат до нивите и им служи за да прават бразди. Наводнуваат со вода од бушотини кои се наоѓаат на повеќе места околу нивнитениви.

Низ годините, со инвестирање за поквалитетно и поголемо производство, Елизабета обезбедува достоинствен живот за своето семејство. Таа никогаш не престанува да работи. Освен макотрпната работа на нива, Елизабета секојдневно води грижа за семејството. Во текот на изминативе години, таа ги омажи сите три ќерки. Таа и нејзиното семејство, во ХОРОЗОНТИ не гледаат само финансиска поддршка, туку и пријатели, бидејќи најважно е некој да ти подаде рака тогаш кога ти е потребно.

„Со помошта на ХОРИЗОНТИ вложивме во пластеници за постабилно производство и поголемо производството. Наредно, имаме во план да си купиме трактор“, завршува Елизабета и додава:

„ХОРИЗОНТИ направија да се чувствувам добро, бидејќи ми веруваа. Затоа сум лојална на Хоризонти и планирам да продолжам како клиент на Хоризонти. Им благодарам. Јас сум дел од нивната успешна приказна.“

Сите ние во ХОРИЗОНТИ сме горди на Елизабета и на нејзиното вредно семејство.

Share Button