fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Марјан Најдоски-Невремето ми ја однесе егзистенцијата, маката и трудот

Најдоски брои големи штети на нивите со тутун, пипер, бостан и зелка

Марјан Најдоски е 26 годишен жител на прилепското село Лажани, чии што ниви настрадаа во вчерашното невреме. Штетите се големи и кај тутунот, бостанот, пипреот и зелката. Разочаран Марјан вели дека за миг невремето ја однесе неговата егзистенција, маката и трудот.

-Пустош е во Лажани, невремето го уништи родот, се уништи, надежта, егзистенцијата, нашиот труд. Уништени ми се 7 декари под пипер, 7 декари под тутун, 2 декари бостан и 1 и пол декар зелка. Нема што се собере. Вчера кога отидов на нива по невермето беше шок за мене, се уништено. Ни отиде целата годишна заработувачка и маката се покажи младиот земјоделец Најдоски за Зелена берза.

Фотографиите што ни ги прати зборуваат сами за себе, во која состојба се денеска нивите во Лажани.

А. Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close