fbpx
Вести

Машини ќе ги заменат сезонските работници на поле

Наместо берачи, родот во иднина на плантажите со вишни ќе се собира со комбајни. Ова, сметаат дел од стопанствениците од земјоделскиот сектор во источниот регион, е начин да се надмине проблемот со наоѓање на сезонски работници, кои им требаат во време на берба.

mashini kje gi zamenat sezonskite rabotnici na pole

 

Плановите се долгорочни, зошто за година-две ангажирањето на сезонска работна сила ќе биде уште поголем проблем.

Сезонската работа е неатрактивна кај младите. Но, не за сите. Дека летото е одлична можност да се заработи сопствена плата – смета матурантот Андреј Паунов од Штип, кој втора година доаѓа да работи во погонот за пакување на вишни во Фруктана.

Според податоците од Агенцијата за вработување во Штип, како сезонски ангажирани работници евидентирани се сто лица. Но, точната бројка не се знае, зошто некои компании ги пријавуваат на определено работно време. Студентите и невработените претставуваат најголем дел од сезонската работна сила, стопанствениците го повторија барањето за олеснувања во делот на постапката за нивно пријавување.

Производителите секоја година имаат потреба од сезонски работници, но и секоја година стравуваат дека нема да има доволно работна рака, за да го соберат родот. Лани во светиниколско се направи првата машинска берба на домати, а според најавите на стопанствениците, наскоро и грозјето и памукот на нивите, наместо рачно, ќе се собира со комбајни.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close