fbpx
ВестиЕкологијаМакедонијаТоп вести

Масовна акција за чистење и дезинфицирање во Битола

На иницијатива на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, во текот на денот се изведува масовна акција за чистење и дезинфицирање во градот. Акцијата ја изведуваат битолските јавни претпријатија, со своја опрема и вработени лица,  под координација на ЈП „Комуналец“ Битола.

Во основните училишта и градинките, покрај чистењето, се вршеше и дезинфекција на објектите, дворовите и приодите, со механизација и грбни рачни пумпи за дезинфицирање.

Вработените во ЈП „Комуналец“ ја чистеа дивата депонија во населба Стрелиште со механизација, односно боб кет и камиони.

Во акцијата се изврши чистење и на Градското шеталиште, вклучувајќи го и просторот околу бистите, како и самите бисти на паднатите борци. Се собираа лисјата, органскиот отпад, а вработените од ЈП „Комуналец“ со посебни средства ги чистеа бистите и просторот околу нив. Со цистерната се изврши миење на шеталиштето.

 

.

Слични написи

Back to top button
Close