fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Мечките на Шар Планина имаат заштита од жители на Доброште

Жителите на тетовското село Доброште неколку години помагаат во заштитата на 12 мечки кои живеат во нивниот регион. Тие ги хранат за мечките да не напаѓаат други животни и пчели во потрага по храна.

Членовите на здружението за заштита на мечки „Шари Беар“ од тетовско Доброште веќе неколку години се обидуваат да му помогнат на овој редок и заштитен дивеч да преживее на Шар планина. На неколку места на мечките им оставаат, а имаат поставено и видео камери од каде гледаат како овие животни го поминуваат времето во шумите.

Ирфан Селими, претседател на Здружението објаснува дека ги хранат за да не се случува мечките да ги напаѓаат другите животни и пчелите во потрага по храна. Им се носи пченка, зеленчук и јаболка.

„Ние имаме направено пунктови-ранилици. Секогаш ги држиме со храна. Зимскиот период, овој период, пролетниот период нон стоп ги држиме со храна. Гледаме дека има потреба да се нахранат за да нема поголеми проблеми како што имаме напади на овци, овчарите, бачилата, на пчеларите. Тие треба да се ранат, не знаат дека прават беља. Ако имаат храна доволно друга не бараат друг начин да се наранат со овци или со пчели, да ризикуваат“, вели Селими.Целиот текстможе да го прочитате на следниот ЛИНК

извор:Слободнаевропа.мк

Слични написи

Back to top button
Close