fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

МЕД го одбележува Светскиот ден на биодиверзитетот со пребројување на пеликаните од Преспанското Езеро

Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“, „Меѓународниот ден на биолошката разновидност – 22 мај“ оваа година ќе го одбележи со пребројување на пеликаните од Преспанското Езеро.

Досега на овој ден во целиот свет институциите и организациите што работат на заштита на биодиверзитетот организираа масовни настани и едукации со цел подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, но поради пандемијата со КОВИД-19 годинава овие средби остануваат во виртуелниот свет.

„Се со цел доближување на природните убавини во нашата земја МЕД одлучи на 22 мај (петок) на своите социјални мрежи преку целиот ден да споделува слики и видеа од теренската активност за пребројување на пеликаните во Преспа. Затоа во петок следете не на фејсбук и инстаграм и уживајте во глетките од Преспанското Езеро“, велат од МЕД.

Броењето на пеликаните МЕД го спроведува од 2013 година. Пеликаните кои секојдневно доаѓаат да се хранат во македонскиот и албанскиот дел од Големото Преспанско Езеро припаѓаат на најголемата гнездечка популација на овој вид во светот, која се наоѓа на Малото Преспанско езеро.

Извор: 24инфо

Слични написи

Back to top button
Close