Менде Стомнароски-Кај тутунот проблемот е во ниските цени по класи
Сите заедно да дејствуваме за наредната реколта да се зголемат цените по класи, вели Стомнароски.
За здружението на производители на тутун при Стопанската комора, не е проблем увозот. Откупувачите законски се обврзани да го преземат договорениот род со кооперантите, а увезениот не е од истите сорти. За Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, проблемот треба да се бара во ниските цени по класи. Претседателот на Сојузот, Менде Стомнароски вели дека цената не е соодветна на квалитетот, но проблемот се ниските цени по класи.
– И да се промени Законот за тутун, нема да значи за нас. Просечната цена од 190 и некој денар не е соодветна на квалитетниот род. Проблемот е во ниските цени по класи. Затоа е битно, сите заедно да дејствуваме за наредната реколта да се зголемат цените по класи, вели Стомнароски.
Откупот на тутунот ќе се интензивира оваа недела, по новогодишните и божикните празници. Според тутунарите, реколтата тешко ќе стигне до 20 000 тони, иако се склучени договори за 22 000 тони тутун. Се очекува откупната кампања, главно, да заврши со почетокот на февруари, иако законскиот рок е до крајот на март.https://nezavisen.mk/otkupot-na-tutunot-se-odviva-neprecheno-proizvoditelite-reagiraat-za-cenata/