fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мештаните од Мислешево стравуваат од поплави, бараат итно чистење на каналот

Мештаните со обратиле до Општина Струга но оттаму ниту одговориле ниту излегле на терен за да го решат проблемот кој со години ги мачи жителите на Мислешево.

Жителите на струшкото село Мислешево стравуваат од поплави поради неисчистениот и обраснат канал кој поминува низ нивните куќи. Велат дека години наназад во период кога има врнежи од дожд и снег водата им навлегува во домовите и им предизвикува огромни штети. Дополнителен проблем е наносот од земја во самиот канал поставен од нивни соселанец кој градел куќа па со тампонирање си направил пристапен пат до домот.

Мештаните со обратиле до Општина Струга но оттаму ниту одговориле ниту излегле на терен за да го решат проблемот кој со години ги мачи жителите на Мислешево.

„Во декември се поплавивме и не можевме да излеземе од дома. Водата дојде до самите скали. Овде живеам 50 години и паметам дека порано секоја година се чистеше каналот. Сега се гради и куќа и затворен е каналот со тампон наместо да се направи мост. Се јавивме и во Општината и во Центарот за управување со кризи но џабе”, вели Васко Рембоски.

Каналот е исполнет со густа нарасната вегетација, но и со отпад од домаќинствата. Васко вели дека дел од вината ја имаат и граѓаните но штетата ја трпат оние чии куќи каде поминува каналот.

Богдан Матески, чиј дом е две пати поплавен, вели дека каналот кога врне за 15 минути се преполнува оти има ѓубре и израснати дрвја кои не се пресечени 20 години.

„Вода до колена, теписони, каучи, регали се тоа ми се уништи. Тогаш беше градоначалник Зијадин Села, пушти комисија, направија записник, сликаа. Имаше поплавено повеќе од 15 куќи но од Општината ни рекоа пари нема и не добивме отштета. Оттогаш имавме уште два пати поплава со помали штети оти се организиравме, уклучувавме мотори, дежуравме кога врнеше”, вели Матески.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zhitelite-na-strushko-misleshevo-stravuvaat-od-poplavi-baraat-itno-chistene-i-prodlabochuvane-na-kanalot-koj-im-pominuva-pred-vrata/#more

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close