fbpx
Вести

Месото од увоз чини 112 милиони евра

Се зголемува листата на увезена храна во Македонија. Според податоците на Државниот завод за статистика за 11 месеци минатата година Македонија потрошила речиси половина милијарда евра за увоз на храна и живи животни и уште 54 милиони за пијалаци и тутун. Тоа се 32 милиони евра повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Македонија секогаш била зависна од увоз на храна, особено од животинско потекло. Недостатокот од домашно месо и млеко е проблем за кој многу тешко се наоѓа решение. Домашното производство на свинско месо ги задоволува потребите само за свежо месо, но тоа не е случај и со пилешкото. Македонија речиси и да нема производство на пиле, само 5 проценти од потребите, или околу 500 тони, се произведени во македонските фарми. А само до пред неколку години домашното производство достигнувало и до 7 милиони пилиња.

8406852575BCBF4880C8E211E3B4F632

Според последните податоци од Државниот завод за статистика во периодот од јануари до ноември лани за увоз на 64 милиони килограми месо и преработки од државава се одлеале 112 милиони евра, а за риба уште 20 милиони евра. Најголем дел, 41,7 милиони евра отишле за увоз на свежо и смрзнато пилешко месо. Најчесто Македонија увезува од земјите од Балканот, но и од САД, Бразил и Канада. За говедско месо за 11 месеци лани се потрошени 25,4 милиони евра, додека пак за свинско месо 20 милиони евра. Статистиката нотирала дека увозот само на колбаси во овој период достигнал речиси 9 милиони евра.

hrana-meso

Една од повисоките ставки е увозот на овошје и зеленчук, за кои се одлеале 69 милиони евра. Освен портокали, мандарини и банани од странство сме купувале и јаболка од БИХ, дињи и лубеници од Албанија, круши и дуњи од Србија. На листата на увезени свежи артикли се наоѓаат и доматите, гравот, морковот, кромидот, компирот…

Лани се увезувале и големи количества млеко и млечни производи. Млеко, сирења, јогурт, павлаки и јајца, увезени најчесто од земјите на Балканот и Германија чинеле 43 милиони евра. За пастеризирано млеко се потрошени 12,4 милиони, а за јогурт 1,5 милиони, за јајца 2 милиони, додека, пак за сирења 9,5 милиони евра.

zdrava-hranaУништувањето на огромен дел од производството на некои индустриски култури, како шеќерната репка и сончогледот ја прави нашата земја зависна од увоз на масло за јадење и шеќер. Лани за 11 месеци, за шеќер, преработки и мед сме дале 35 милиони евра. Увозот на жита, пак, чинел 75 милиони евра, од кои најмногу за пченица, 17 милиони. Увезено е брашно за 10 милиони евра, за сурово масло од сончоглед се одлеале 25 милиони евра, а за рафинирано 9,4 милиони.

mesoto od uvoz chini 112 milioni evra

 

Решението на проблемот со длабоката увозна зависност, според експертите нема да дојде брзо, но мора да постојат стратегии за Македонија да ја намали и да го поттикне извозот на своите производи. Тие велат дека постојат некои ставки во увозот на храна кои не можат да се променат и само се зголемуваат, како јужното овошје, кафето и други кои не се произведуваат на нашето поднебје. Сепак, недозволиво е да расте увозот на градинарските производи, овошјето и зеленчукот. Тоа, според експертите, се секторите кои треба да добијат најсилна поддршка да станат поконкурентни и со зголемување на извозот да го ублажат дефицитот во размената.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close