Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег
Минималната температурата по градовите е во интервал од -2°C во Крушево до 6°C во Виница. Најмногу дожд за изминатите 24 часа до 07 часот наврна во Демир Капија 127.0 l/m².
МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m²). На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со појава на магла по одделни котлини.