Михаил Шемкоски од Скопје се пресели во село Зрзе: „Сакам да бидам модерен фармер со сопствено производство на храна“
Пред некое време направи голема промена во твојот живот, го напушти Скопје, ја остави сета бучава, метеж и забрзаното темпо и реши да се стокми во селото Зрзе.
Михаил Шемкоски (33) од Скопје е уште еден млад човек, кој реши да излезе од запурливиот асфалт и градскиот метеж и да живее во склад со природата, работејќи како модерен фармер – од Скопје се пресели во село Зрзе, каде одгледува пчели и кокошки. На својот Инстаграм профил @honeynomad го споделува своето секојдневие.
Пред некое време направи голема промена во твојот живот, го напушти Скопје, ја остави сета бучава, метеж и забрзаното темпо и реши да се стокмиш во селото Зрзе.
Како дојде до одлуката да се отцепиш од сè она што ти беше познато и да си најдеш нов дом, поблиску до природата?
Верувам дека секој си лета во своето јато и дека секој е предодреден да има свое место во овој универзум. Одлуката беше лесна, со оглед на тоа дека веќе подолг период ме возбудува помислата за homestead живот, кој е особено популарен на запад и кој забележaв дека полека станува тренд и кај нас.
Воедно една од причините поради кои решив да се преселам во Зрзе е тоа дека сум голем вљубеник во природата, здравиот начин на живот како и плодната средина која ќе ми овозможи да го исполнам мојот животен сон, а тоа е да бидам модерен фармер со сопствено производство на храна. Прво нешто што ми паѓа на ум кога ќе се спомене Зрзе е Зрзевскиот манастир, што ти се залепи толку до срцето од самото село и регионот, па реши својот дом физички да го дефинираш на тоа место? Според мене, Зрзе е едно од најубавите села во Македонија. Селото е богато со природни извори, плодна земја, чист воздух, безбројни потоци, како и прекрасниот манастир „Св. Преображение“, кој воедно е и популарна туристичка атракција. Со еден збор, во Зрзе ги имам сите услови кои ќе ми овозможат да поседувам сопствена фарма на која ќе одгледувам домашни животни, зеленчук, овошје, но и истовремено ќе ми овозможи да водам животен стил за кој долго време сонував.
Целата приказна на овој линкhttps://www.crnobelo.com/intervju/razgovarame-so/83436-mihail-shemkoski-od-skopje-se-preseli-vo-selo-zrze-sakam-da-bidam-moderen-farmer-so-sopstveno-proizvodstvo-na-hrana?fbclid=IwAR0FAaL6J7ThQChXFobeNC48U5Fkph6e-N6pjiRk5IstKepLgE-4_jWG0m0