ВестиМакедонијаТоп вести
Министерот Хоџа се сретна со оризопроизводителите
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа имаше состанок со оризопроизводители, откупувачи и преработувачи од Кочанскиот регион.
На состанокот се дискутираше за годинешната реколта, цената на оризовата арпа, висината на субвенциите по хектар како и за мерката Зелена нафта.
Производителите и откупувачите ја потенцираа важноста од наводнувањето на оризовите површини и се разговараше за можните зафати на Кочанска река, Злетовска река и Брегалница.
Се разговараше за обнова на дотрајаната механизација, сетрифициран посадочен материјал но истовремено и обука на стручни лица.
Министерот Хоџа изрази спремност од оваа првична средба со земјоделците и преработувачите да произлезат понатамошни средби со цел надминување на проблемите, координација и помош на надлежните органи во делот на стручна помош. Тој ја нагласи потребата од организирање на индивидуалните земјоделци во земјоделски задруги како европски модел на организирано земјоделско производство, објавено е на ФБ профилот на министерството за земјоделство.