
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Министерот Трипуновски во Могила на средба со земјоделците – порача дека очекуваат огромна победа во Могила
Трипуновски вели дека со земјоделците дискутирале за конкретните мерки кои ги превземале за поддршка на земјоделскиот сектор.
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски синоќа беше во Могила на средба со граѓаните, а со поддршка на градоначалникот на Општина Могила Драганчо Саботковски кандидат за претстојните локални избори од ВМРО-ДПМНЕ
Трипуновски објави дека заедно со Саботковски, оствариле средба со могилчани, но не наведе за што конкретно зборувале од областа на земјоделието и сточарството.
-Директно од нив ги слушнав предизвиците со кои се соочуваат и дискутиравме за конкретните мерки кои ги превземаме за поддршка на земјоделскиот сектор.
Земјоделците имаат вистински партнер во нас.