fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески му врати на Георгиевски-Не ставајте сол на жива рана!

Бурни реакции кај тутунарите по пресот на Гоце Георгиевски претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

Бурни реакции кај тутунарите предизвика пресот на Гоце Георгиевски претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Координаторот на новоформираните тутунарски здруженија Игор Мирчески во рекација испратена до Зелена берза вели тутунарите од парите што ги зедоа за килограм тутун можат да купат само 2 леба и една паштета.

Читајќи ја вашата изјава во врска со состојбите во тутунопроизводството и за помошта која Владата предводена од СДСМ ја дава на истите искрено не знам човек дали да се смее или да плачи. Па почитуван господине ВИЕ имате излезено на терен да ја видите сиромаштијата во која живеат тутунарите поради вашата грижа? И вие искрено верувате во ова што го читате? Тоа можеби добро ќе му звучи некому кој живее во град и не ја разбира маката на тутунарите, но дојдете во селата да ја видите состојбата и со свои очи да го видите пустошот кој е направен, каде тутунарите од парите што ги зедоа за килограм тутун сега можат да купат само 2 леба и една паштета, а во врска со 5тиот пакет секој денар кај тутунарите е добредојден, но да се фалите дека сте дале во просек по 11 денари и сте ни помогнале во ситуација кога дозволивте како држава да изгубиме по 80 денари јас лично мислам дека е нонсенс, и затоа ќе ве замолам ЈАВНО немојте да ставате сол на жива рана и не не потсетувајте на минатото кое сакаме да го заборавиме како лош кошмар.

Со почит Координатор на новоформираните тутунски здруженија Игор Мирчески

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close