![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/aaa-612x470.jpg)
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Мирчески-Не може секое незадоволство на земјоделците да се етикетира како „партиско“
Незадоволството на земјоделците лесно може да ексалира
Недозволиво е секое незадоволство на земјоделците да се етикетира како партиско, вели првиот човек на новоформираните тутунарско здруженија Игор Мирчески.
-Недозволиво е од страна на еден министер секој револт, секое незадоволство што се појавува кај земјоделците и тоа се изразува со единственото средство со кое можат земјоделците да привлечат внимание кај институциите, а тоа е протест. Да биде етикетирано од страна на министерот како „партиски“. На исти ваков начин ние организаторите на протестите за тутунарите бевме етикетирани, а сега тоа истото му се прави и на лозарите кои својот револт од ниските цени го искажаа пред винаријата Тиквеш и тие со една леснотија беа претставени како партиски протестанти. Би апелирале до министерот да се зафати со решавање на проблемите со кои се соочуваме ние земјоделците, а не со изјави кои дополнително создаваат револт и се потценува нашата мака и труд, вели Мирчески и предупредува дека незадоволствотот на земјоделците лесно може да ескалира во масовен земјоделски протест.
![Нема достапен опис](https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/241805361_1150091225482682_4069567438950883572_n.jpg?_nc_cat=106&ccb=1-5&_nc_sid=ae9488&_nc_ohc=VnsSqHk5nFAAX_AOLVb&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=9d040082895d8175c71b08b9c25fd91e&oe=6164DB78)
-Нашите тутунски здруженија се во постојана комуникација со сите земјоделски здруженија кои го организираа петровденскиот сеземјоделски протест кој како што знаете е ставен во мирување. Во зависност од средбата која ќе ја имаат во среда лозарите и винариите со министерот, ако не остварат позитивни решенија за лозарите, за време на престојниот викенд сите земјоделско тутунски здруженија ќе одржат работен состанок со една единствена точка реактивирање и организирање на еден заеднички земјоделски протест, на кој секоја земјоделска гранка ќе си ги истакне своите проблеми, напоменува Мирчески
Според него тутунарите ќе си го бараат 5 ти ковид пакет, лозарите повисока цена за грозјето и исто и ковид мерка, градинарите повисока цена на ајварката пиперка и субвенции по килограм предаден во откупен центар, млеко производителите субвенции за предадено млеко, оризопроизводителите за ниски цени во пресрет на жетвата на оризот и сите останати гранки кои исто така имаат свои барања и неподмирени субвенции и мерки од страна на државата, набројува Мирчески.