fbpx
Вести

Мирен марш во Ресен по повод Меѓународниот ден на руралната жена

Федерацијата на фармерите на РМ и Мрежата за рурален развој на РМ со марш и хуманитарна прослава ќе го одбележат 15 октомври – Меѓународниот ден на руралната жена.

Поради локалните избори во државата, оваа година одбележувањето на настанот Меѓународен ден на руралната жена, ФФРМ заедно со МРР ќе го одбележат на 17 октомври (Интернационален ден за борба против сиромаштијата) во Ресен со мирен марш каде што ќе се истакне потребата на руралната жена за нејзино економско јакнење, поголемо нејзино инволвирање во креирањето на земјоделските политики, дискриминација и заедничка борба против традиционалните бариери кои најмногу прават проблем во делот на нејзината едукација и развој.

Маршот започнува на 17.10.2017 во 12 часот пред „Кам маркет“ во Ресен, а потоа прославата продолжува во Отешево во 13:30 часот, каде што ќе се одржи хуманитарна акција и средствата ќе се наменат за сиромашно семејство од Преспа. Оваа година во организација е вклучено и здружението на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен, членка на ФФРМ, каде што активно во организацијата се вклучени жените од истоименото здружение.

На настанот, кој има цел да ја истакне улогата на жената за развојот на земјоделството и руралните средини, ќе присуствуваат жени фармери од сите краеви на Македонија, но и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.

Имено, во светот руралните жени го одбележуваат оваа година 15 октомври под мотото – „Предизвици и можности за приспособување на земјоделството на климатските промени за родова рамноправност и зајакнување на руралните жени и девојки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close