fbpx
ВестиТоп вести

Млекара Маестро дел од големиот саем „Продекспо 2019“

Како единствен претставник од прехрамбената индустрија од Македонија, Млекара Маестрого претстави своето портфолио на производи на најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и Југоисточна Европа, „Продекспо 2019“.

 

На својот изложбен простор Млекара Маестро го прикажаа своето широко портфолио на производи, доближувајќи го маестралниот вкус на големата производна линија на Маестро до руските потрошувачи и претставниците на прехранбената индустрија од целиот свет кои што покажаа одличен интерес за сите производи.

Млекара Маестро со своите производи веќе 4 години е присутна на пазарот во Русија, а на саемот заинтересираност покажаа и претставници на бизнис секторот од други земји во Источна Европа и Азија.

На овој значаен деловен настан кој се одржа во Москва од 11ти до 15ти февруари учествуваа 2.442 компании од 69 држави од светот. Настанот кој што важи за најголем меѓународен саем на прехрамбени производи, пијалоци и суровини за нивно производство во Русија и Источна Европа, се одржа 25ти пат по ред и им овозможи на компаниите да ги презентираат своите производи пред повеќе од 62.000 посетители од 100 земји.


 

faktor

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close