fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Млеко и јогурт – сигурен внес на неопходни витамини за здрави коски

Млекото и јогуртот се одличен извор на протеини, калциум и фосфор кои се неопходни за формирањето на коските, особено на детскиот организам кој се наоѓа во интензивен раст. Важно е во раниот раст и развој децата да ги примаат овие состојки што ги носат јогуртот и млекото, со цел да се поттикне развивањето на силни и здрави коски и мускулатура.

“Коските имаат структурна улога, го носат целото тело. Тие се главен извор на калциум за организмот кој има многу важни функции во телото. Со разновидна исхрана, а пред се со секојдневен внес на млеко и млечни производи се обезбедува постојано ниво на калциум во крвта. Доколку не се внесува доволно калциум преку храна, организмот почнува да го користи калциумот од коските за да го одржува постојано потребното ниво на калциум за останатите процеси. Во тој случај со тек на време коските омекнуваат и може да дојде до намалување на густината и цврстината на коските“, вели доктор Ставриќ, имунолог педијатар.

За внесување калциум во организмот преку исхраната, постојат голем број видови храна и зеленчук коишто во својот состав содржат калциум како брокула, кељ, сардини, соја и други производи. Но, според докторите потребно е да се внесат во големи количини за да се обезбеди потребната доза на калциум која инаку се обезбедува и со една чаша млеко или јогурт.

“За децата кои не толку често внесуваат зелен зеленчук или во недоволни количини, млечните производи се секогаш сакан производ од нивна страна и се одличен извор на калциум и протеини кои се неопходни за здрави коски. Секогаш кога е можно, се препорачува калциумот да се внесува преку храна. Млекото и млечните производи се најдобар извор на калциум а збогатените млека со витамин Д дополнително ги задоволуваат дневните потреби и од овој витамин. Млекото е најдобар извор на калциум затоа што е во форма која лесно ја апсорбира телото. Витаминот Д дополнително ја подобрува ресорпцијата на калциумот и фосфорот од млекото и ја одржува соодветна нивната концентрација во крвта. Со тоа се обезбедува нормално окоснување на коските. Калциумот е посебно важен кај детскиот организам кој интензивно расте во првите години на живот, но и покасно особено во периодот на пубертет”, советува д-р Ставриќ.

Затоа, за целосна снабденост со неопходните витамини и истовремено, за максимална искористеност на функцијата на витамините, протеините, калциумот, и другите неопходни состојки присутни во млечните производи, се препорачуваат млека и јогурти чиј состав е збогатен со витамини и минерали, како што е Битолски јогурт и млеко со 10 витамини и каде изборот е направен според дневните потреби на суштинските витамини клучни за многу процеси во организмот.

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close