fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Американска делегација на средба со министерот Хоџа

И Хоџа ќе оди во Америка со цел подобрување на економската соработка и развој на земјоделскиот сектор.

Денеска ја пречекав делегација од Сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од заменик гувернерот на Вермонт, Mоли Греј, заедно со командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал – мајор Грег Најт, кои го посетија Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како дел од Програмата за државно партнерство, информираат од кабинетот на министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.
Во насока на унапредување на 28-годишното партнерство меѓу Северна Македонија и Сојузната држава на САД, Вермонт, делегацијата ги презентираше впечатоците од реализираните средби со претставници од бизнис заедницата, од земјоделскиот сектор, со цел создавање можности за проширување на партнерството меѓу Северна Македонија и Вермонт во оваа област.
Во остварување на планираната меѓудржавна соработка, предвидена е и мојата посета во САД.
Сето ова е во насока на подобрување на економската соработка, со фокус на развој на земјоделскиот сектор.
Можно е да е слика од 4 луѓе и луѓе кои стојат
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close