Денешните технологии тоа го овозможуваат, и тоа е процес кој веќе е реалност во други земји. Значењето е уште поголемо од аспект на заштитата на животната средина, во зачувување на природата, и пред се во добивањето почисти и поубави урбани средини, информираат од компанијата „Пакомак”.
Добро организиран град во делот на управување со амбалажниот отпад, како што посочуваат, може многу други проекти да ги финансира од тоа.
Одлична можност е да се прават пари од отпад, но тој прво мора да се селектира, па да се собира. Неформалните собирачи на отпад треба да бидат вклучени во организираниот систем за негово собирање и селекција, за што е потребно заедничко делување на институциите, локалните самоуправи, комуналните претпријатија и компаниите. Мора да се обезбеди листа на улични собирачи, кои ќе треба да поминат обука, да имаат заштитна облека и ракавици и да работат во координација со комуналните претпријатија. За оние кои од разни причини нема да сакаат да станат дел од легални системи за селекција и собирање, институциите мора да применат казни доколку повторно продолжат со нелегално собирања отпад, истакнуваат од компанијата.
Извор: канал5