МЗШВ ги намалува директните средби со странки, комуникацијата ќе се одвива телефонски или по електронски пат
Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе одлука да ги сведе на минимум директените средби со странки, се со цел превенција и елиминирање на можноста од ширење на вирусот КОВИД 19.
МЗШВ ги информира сите лица кои имаат потреба за контакт и инфомрација од министерството тоа да го сторат на меил адреста на МЗШВ info@mzsv.gov.mk и на контакт телефонот (02) 3134 477 од 08 : 30 до 16: 30 часот
Сите планирани поголеми настани и работни состаноци во МЗШВ се откажани/презакажани.
МЗШВ апелира до сите соработници и корисници на услугите кои ги дава министерството, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата, со цел да се спречи ширењето на вирусот КОВИД 19 во државата.