fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ: Поефикасен пристап до апликацијата „Понуда-Побарувачка“

Со цел поефикасно функционирање на апликацијата „Понуда-Побарувачка“ и полесна достапност за земјоделците и стопанствениците, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, отвори посебна електронска (e-mail) адреса, на којашто сите заинтресирани можат да праќаат податоци за својата понуда на земјоделски производи и побарувачка. Официјалната e-mail адреса за испраќање на податоци е: ponudapobaruvacka@mzsv.gov.mk

На оваа e-mail адреса е потребно да се пратат следните податоци:

-Име и презиме на понудувач/побарувач

-Место на живеење и телефонски број

-Име на производ, количество по единица мерка (бала, парче, килограм или тон)

Апликацијата им овозможува на земјоделците брз и лесен пристап до податоците за расположливите количини и цени на земјоделски производи и добиток и во овие услови на вонредна состојба поради глобалната пандемија, да можат да тргуваат со своите производи.

Во услови на вонредна состојба како што е моменталната предизвикана од пандемијата со коронавирусот, согласно препораките на Владата за социјално дистанцирање, заинтересираните понудувачи или баратели на определен производ, барањето може да го достават такашто најпрво ќе го превземат образецот „Барање за понуда“ поставен на апликацијата, а потоа пополнетиот образец ке го испратат преку мејл ќе го испратат на e-mail адресата ponudapobaruvacka@mzsv.gov.mk.

Комплетната агропонуда, достапна е преку клик на банерот Понуда-Побарувачка на страната на МЗШВ или на страната на ЗПИС на следниов линк www.zpis.gov.mk како и на http://ponudapobaruvacka.zpis.gov.mk/

Слични написи

Back to top button
Close