fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

На државните пасишта ќе се градат мандри со европски пари

Сточарите во иднина ќе може подолгорочно да закупуваат државни пасишта, ќе може на нив да градат трла, мандри, и друг вид на објекти и ќе може да аплицираат за пари од европски фондови.

Досега закупите биле на краток рок, а со новиот закон се  даваат можности за подолгорочни закупи со што се создаваат услови и за оправданост на инвестициите.

Сточарите во иднина ќе може подолгорочно да закупуваат државни пасишта, ќе може на нив да градат трла, мандри, и друг вид на објекти и ќе може да аплицираат за пари од европски фондови.

Овие значајни новини ги овозможува предлогот за новиот закон за пасишта кој е поставен на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и за кој засегнатите страни имаат рок за расправа од уште две недели.

Претседателот на Созјузот на одгледувачи на овци, Никола Ѓеоргиев, вели дека сточарите со нетрпение го очекуваат, затоа што е тој европски закон кој ја отвора вратата за пристап до европските фондови.

– Ние подолго време инсистиравме на еден европски закон за пасишта. Многу е битно тој што поскоро да се донесе и да се доврши инвентаризацијата за да имаме пристап до европските фондови, а има многу големи фондови. Бугарија и Хрватска веќе стигнаа до големи износи. Можеме и ние – вели Ѓоргиев.

Тој вели дека сточарите и земјоделците и досега користеле пари од ИПАРД-фондови,  но за инвестиции на приватно земјиште, а сега првпат, тоа ќе може да се прави и за инвестиции на државно земјиште. Притоа, како посебно значајно за инвестирањето го посочува рокот на закупот.  Досега закупите биле на краток рок, а со новиот закон се  дават можности за подолгорочни закупи со што се создааваат услови и за оправданост на инвестициите.

Со новото законско решение е предвидено да се формира државна комисија за доделување на пасишта во државна сопственост. Сојузот на одгледувачи на овци има забелешки околу комисијата и бара во неа да има и нејзин претставник за пореално вреднување на пасиштата.

– Одгледувачите на овци најдобро ги знаат пасиштата. Ја знаат нивната вредност и затоа тие треба да бидат во една таква комисија. Според сегашните наши сознанија, цените за државните пасишта ќе бидат повисоки од оние што се сега. Тоа би било оправдано само ако јавното претпријатие им го подигне бонитетот. Во спротивно, нема оправдување. Ние сега се соочуваме со пасишта обраснати со нискостеблести растенија и тие не може да се користат. Неопходни се агромелиоративни мерки за да се подобрат условите за искористување на пасиштата – вели Ѓоргиев.

Во Македонија има проценка за 567.000 хектари пасишта во државна сопственост. Но, ЈП за шуми нема целосна евиденција што им се случува на тие пасишта. Еден дел се дадени под закуп, еден дел се бесправно узурпирани, а дел се со трње, шума и се непристапни. Се проценува дека електронски се евидентирани 50 до 60 отсто од парцелите со државни пасишта.

„Од осамостојувањето на државата не е направена инвентаризација на пасиштата, па од тие причи јавното претпријатие нема точни податоци кои се слободни пасишта кои може да се доделат со јавен оглас како што актуелно е регулирано со законското решение“, пишува во Извештајот за проценката на влијанието на новата регулативата.

Според новата законска регулатива како закупувачи на државните пасишта може да се јават домашни правни и физички лица, но и странски правни лица. Странските фирми имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку во државава имаат регистрирано подружница.

Пасиштатата ќе може да се даде во закуп и тоа за: за напасување на ситни и крупни преживни животни до 10 години; за напасување на коњи и други копитарии до 10 години; за спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години, и до 30 години за преработка на  примарни сточарски производи, продажен простор за прозиводите добиени од земјоделската дејност, за сместување, исхрана, едукација, рекреација и продажба на производи за потребите на домаќинствата на лицата  ангажирани во производството на примарни и преработени сточарски производи, собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија.https://www.slobodenpecat.mk/na-drzhavnite-pasishta-kje-se-gradat-mandri-so-evropski-pari/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close