ВестиМакедонијаТоп вести
На средината од месец декември ќе почне откупот на тутун од овогодишната реколта
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска одржа состанок со откупувачите на тутун.
Откупот на тутун започнува на 15.12.2020 година а ќе трае до 28.02.2021година. Пред започнувањето на откупот беа разменети ставови, забелешки и видувања во однос на спремноста на откупувачите за прифаќање на овогодинешните количини на тутун во услови на глобална пандемија на КОВИД 19.
Беше потврдено дека се обезбедени средства за откуп од страна на откупувачите.
На крајот, министерот Хоџа најави нова средба на која заеднички ќе присуствуваат овластената асоцијација на тутунопроизводителите и откупувачите.