Агро бизнисВестиТоп вести

Повеќе од 1.600 земјоделци добија поддршка од над 260 милиони денари

Сточарите чекаат субвенции

Во петокот исплатени се над 260 милиони денари кон над 1.600 корисници за мерки од растително и сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Доделени се 136.450.639,00 денари кон 276 корисници за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети; за овошје предадено во преработувачки капацитети – 17.058.566,00 денари кон 354 корисници; за производство на домашен лозов и овошен саден материјал – 40.319.770,00 денари кон 8 корисници; за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски и градинарски култури – 38.793.297,00 денари кон 16 корисници; за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури – 9.774.800,00 денари кон 7 корисници; за регистрирано презимено пчелно семејство –  21.446.792,00 денари кон 1.021 корисник.

Поврзани новости

Back to top button