вести

Национална кампања за климатски промени

Нагли температурни разлики, поплави, суши, рани мразови, болести во овоштарството, но и се помал принос во земјоделието. Климатските промени драстично се одразуваат на производството на храна. Како аларм, граѓанскиот сектор почнува Национална кампања.

nacionalna kampanja za klimatski promeni

 

Земјоделците делуваат по свестум, а не проактивно и превентивно, покажуваат истражувањата и затоа е од голема важност да се подигне знаењето и свеста за ризиците и проблемите кои ги очекуваат, но и можностите за нивно надминување преку преземање соодветни мерки, советуваат стручњаците.

Со поддршка на Германската амбасада во Скопје, караванот во рамки на проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“, советодавна и информативна мисија ќе има до крајот на октомври во руралните средини на повеќе наши градови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close