Агро бизнисВестиТоп вести

Националната земјоделска мрежа остро реагира- Зошто Трипуновски не го покани нашето здружение на средбата во Кавадарци?

Како Национална земјоделска мрежа јавно укажуваме дека НЕ бевме поканети за учество на средбата. За причините одговор да си дадат организаторите!

 

Почитувани земјоделци

Во текот на денешниот ден во Кавадарци во организација на МЗШВ беше организирана средба со одреден број на земјоделски здруженија. На истата средба од страна на ресорниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски беше презентирана Програмата за директни плаќања за тековната 2026 година.

Како Национална земјоделоделска мрежа јавно укажуваме дека НЕ бевме поканети за учество на средбата. За причините одговор да си дадат организаторите!

Во ова прилика ние како НЗМ јавно укажуваме дека ниту досега, ниту отсега, нема да молчиме и нема да следиме и подржуваме погрешни и штетни политики во секторот земјоделие!

Ќе бидеме уште погласни и ќе ги користиме сите законски и демократски средства што ни стојат на располагање.

Во иднина за сите пропусти недоследности ќе алармираме јавно и ќе бараме конкретна одговорност токму од тие на кои им ја дадовме нашата доверба. Националната земјоделска мрежа е организација на индивидуалните земјоделски производители и секогаш и по секоја цена ќе ги штити интересите на своите членови и колеги.

Со искрена почит Националната земјоделска мрежа

Поврзани новости

Back to top button