fbpx
ВестиТоп вести

Најголемиот светски призводител на пиво излегува на берза и подготвува најголемо IPO за оваа година

Најголемиот светски производител на пиво најави излегување на берза при што се надева дека ќе собере дури 9,8 милијарди долари и така ќе ја забележи најголемата овогодишна иницијална понуда на акции(IPO) во светот.

Поконкретно, дури 1,6 милијарди акции ќе продаде Budweiser Brewing Company APAC која е дел од пивскиот гигант Anheuser-Busch inBev, a во неговото портфолио има над 50 брендови на пиво меѓу кои се Stella Artois, Beck’s i Corona. Budweiser своите акции ќе ги излиста на Хонг Конгшката берза на 19 јули, а нивната почетна цена ќе биде меѓу 5.13 и 6.02 долари по акција, со што компанијата, според Reuters, треба да собере помеѓу 8,3 и 9,8 милијарди долари.

AB InBev стана најголем производител на пива во светот со задолжување на големи количини на пари со цел да си дозволат да платат голем број на превземања, а последното во 2016 година, кога го купи неговиот ривал SABMiller, долгот на компанијата скокнал на 102.5 милијарди долари. Затоа, многумина веруваат дека тоа всушност е обид да се спаси задолжената компанија. Сепак, од компанијата како главна причина за претстојното IPO ги навеле потенцијалните нови аквизиции и “станување лидер на азиско-пацифичкиот регион, каде што продажбата се уште расте, а богатите потрошувачи тргувуваат со висока маржа на квалитетни пива”.

Ако цената на акциите на Budweiser достигнат дури и најниска поставена цена, тој IPO сеедно ќе биде најголем оваа година и ќе надмине 8,1 милијарди долари колу што во мај на Wall Street собра Uber. Покрај тоа, само котацијата на тие акции ќе биде и повеќе од добредојдена за помош на берзата во Хонг Конг  која каска зад New York и Nasdaq. Оваа година, преку IPO во тој кинески административен регион биле собрани 8,9 милијарди долари, додека неговите американски ривали собрале 14,9 односно 17,5 милијарди долари.

Спонзори на ова IPO се JPMorgan и Morgan Stanley, додека глобални координатори се Bank od America, Merrill Lynch и Deutsche Bank.

 


 

denar

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close