fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка

Денеска се очекува сончево и студено време, претпладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени.

Највисока снежна покривка од 68 сантиметри утрово е измерена на Попова Шапка. Следат со 17 сантиметри Маврови Анови, 14 Ѓуриште, 13 Крушево, 9 Пожаране, 6 Демир Капија, 2 Битола, Прилеп.На Шапка е измерена и најниската темепратура од -16 степени. -12 Маврови Анови, -11 Крушево, -8 Прилеп, Виница, Дебар, -7 Крива Паланка, -6 Охрид, Претор, Битола, -5 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, -4 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија, Дојран -2 Гевгелија.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени.Во Скопје, сончево и студено со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен.

Во наредните денови ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде утре и во петок кога на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Во недела и понеделник ќе има појава на утринска магла по одделни котлини.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close