
Најново од Владата за земјоделците – Одлука за набавка на 9.000 тони меркантилна пченица по цена од 13 денари без ддв
Количината ќе може да се откупи од секој регистриран производител поединечно од минимум 5 до максимум 30 тона.
Владата на денешната седница донесе одлуки за набавка на пченица и оризова арпа за стоковите резерви.
Владата согласно последните измени на Законот за стокови резерви, денес донесе 2 одлуки за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство.
Одлука за набавка на 9000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари без ддв.
Количината ќе може да се откупи од секој регистриран производител поединечно од минимум 5 до максимум 30 тона.
Како Влада го штитиме домашното производство.
Оваа година имаме зголемени површини под пченица, од кој очекуваме просекот да биде многу поголем од предходни години.
Согласно евиденцијата на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа година жетвата ке се изврши на 70 000 хектари што би значело дека се очекува да ги задоволиме потребите од нашето производство.