вестиМакедонијаТоп вести

Најскапото сирење во светот се произведува во Србија

Србија произведува најскапо сирење во светот.

Специјалниот природен резерват Засавица кај Сремска Митровица произведува магарешко сирење по неверојатна цена од 1.000 евра за килограм, а пред неколку години беше објавено дека Лас Вегас платил дури 3.000 американски долари за тоа, пренесува РИНА.

Менаџерот на резерватот Слободан Симиќ вели дека Засавица е дом на првата фарма за магариња на Балканот, која во моментов има околу 250 животни, но само некои од нив произведуваат доволно млеко.

Високата цена на сирењето е оправдана со фактот дека за еден килограм се потребни 25 килограми млеко, а едно магаре дава околу 200 милилитри млеко дневно. Покрај тоа, производството на сирење е многу комплицирано бидејќи сè се прави рачно, објаснува Симиќ.

Сирењето се продава во пакувања од 50 грама. Има пријатен вкус, а она што го прави уникатно, освен цената, е неговиот корисен ефект врз здравјето. Магарешкото млеко има малку маснотии и 60 пати повеќе витамин Ц отколку обичното кравјо млеко.

извор:Бизнисвести.мк

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close