fbpx
Вести

Измрзнаа лозовите насади во Тиквешијата, нов проблем за лозарите од овој регион

izmrznaa lozovite nasadi vo tikveshijata nov problem za lozarite od ovoj region

Ниските температури во тиквешијата беа немилосрдни кон лозарите од овој регион. Изминатата недела беше регистрирани екстремно ниски температури кои предизвикаа мрзнење на некои сорти лозов насад и до 60%. Штетите се огромни. Лозарите се соочуваат со уште еден проблем,-22 степени целзиусови беа измерени во  некои делови од тиквешко кои допринесоа измрзнувањето кај сортата Вранец и тоа до 40%.

Од трпезните сорти големо измрзнување од 40 до 50% има кај сортата Афус Али, од 45 до 60% кај Мишел, околу 70% кај Рибиер и 50% кај сортата Кардинал.Што се однесува до смедеревката која е можеби и најзастапената сорта во Тиквешијата, кај неа е регистрирано измрзнување од 30%, додека пак кај Бургундецот некаде окоу 25%. Сортата Шардоне е измрзната од 15 до 25%  а кај Темјаниката измрзнувањето е 25%.

Кај сортите Каберне и Жилавка има најмало измрзнување од 10%. Најголем процент на измрзнување има регистрирано кај сортата Сира 70%. Експертите велат дека доколку и во наредниот период има вакви бранови со екстремно ниски температури повторно ќе има мрзнење кај виновата лоза, но и кај овошните насади.

Лозарите сеуште ги немаат добиено субвенциите, не им е исплатено грозјето од пред две и три години а винаријата “Повардарие” која минатата година откупи најголем процент од тиквешкото грозје, најави стечајна постапка. Мрзнењето на лозовите насади е “капак” на сите проблеми.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close