fbpx
ВестиВино

Натпревар за најдобро вино произведено во домашни услови

Здружението на винари на Македонија по четврти пат го организира натпреварот за најдобро вино произведено во домашни услови. Станува збор за манифестација во чест на младото вино или „Божоле нуво”. Заменик претседателот на Здружението, Елена Богева упати повик до сите домашни производители на вино да достават мостри од своето производство.

– На натпреварот може да се учествува со младо бело, црвено и розе вино. Дегустацијата и оценувањето се од страна на стручна дегустацска комисија составена од врвни енолози-винари од нашата држава – соопшти Богева.

Таа додаде дека манифестацијата има натпреварувачки, награден, поттикнувачки и културно забавен карактер.

– Од година во година се зголемува бројот на домашни производители кои се заинтересирани за оваа манифестација. Квалитетот на нивните вина е се подобар. Тоа ни е и целта, што подобри производи во домашни услови. Затоа што домашните производители се потенцијал, кој подоцна може да биде добра основа за отварање на мини винарии како мали семејно бизниси – нагласи Богева.

Дегустацијата и оценувањето ќе бидат на 15 ноември, а доделувањето на наградите на 16 ноември. За најдобрите вина следуваат награди.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close