Уште во вторник ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено. Од среда следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.