fbpx
ВестиВино

„Недела на виното” во Неготино

vino

Со предавање за примена на енолошки средства во производство на вина во домашни услови наменето за лозарите од Тиквешко и сите оние кои произвадуваат домашно вино, кое се одржа во големата сала на неготинската општинска зграда, синоќа во Неготино започна традиционалната манифестација „Недела на виното”.

Бројни настани се организираат во чест на верскиот празник „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите. Предавач беше магистер Игно Тасев, претседател на Здружението на винари од Македонија и претставник на компанијата „Тохем”.

– Многу е важно нашите домашни производители на вино да ја почитуваат традицијата во производството наследена од нивните дедовци. Но, исто така, потребно е да ги следат и новите достигнувања во винопроизводството, да знаат кои енолошки средства можат да ги користат за да произведат што е можно поквалитетно вино. Затоа што само традицијата споена со знаењето, ги дава вистинските резултати, нагласи меѓу другото Тасев.

Тој изрази задоволство што расте бројот на индивидуални винопроизводители кои полека но сигурно од аматери стануваа полупрофесионалци. Изрази надеж дека дел од нив ќе се одлучат своето мајсторство во оваа област, да го преточат во мал семеен бизнис. Се со цел развој на винарството и винскиот руризам во Тиквешко како најголем лозаровинарски регион во Македонија.


 

сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close