fbpx
ВестиСовети

Недостаток од витамин Д – причина за развој на неколку болести

Витаминот Д заради своето значење е ставен на списокот на есенцијални лекови на Светската здравствена организација. Овој витамин е суплемент кој не можеме да го најдеме во повеќето намирници, а исклучок се рибите и производите кои вештачки се обогатени со неговото присуство. Всушност витаминот Д нема многу заеднички работи со останатите витамини, бидејќи се синтетизира со организмот, за што е неопходна сончева светлина.

Еден од најпознатите и најдобри ефекти од неговото присуство во организмот е зацврстување на коските.

Остеопорозата, остеопенијата, детскиот рахитис и остеомалација кај возрасни обично се поврзани со ниско ниво на витамин Д, и во овој случај, земајќи витамин Д помага на организмот да фунционира нормално.

Некои научници појавата на депресивната состојба ја поврзуваат и со недостаток на сончева светлина, односно витамин Д. Студијата од 2008 година покажа дека зголемениот внес на витамин Д може значително да ги намали симптомите на депресија, особено кај луѓето до вишок килограми.

Недостатокот на витамин Д се поврзува и со други болести како што се деменција, кардиоваскуларните заболувања и дијабет.


 

alsat-m

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close