fbpx
ВестиМакедонија

Неефикасното судство и надуениот јавен сектор ги ограничуваат економските слободи во Македонија

Македонија е рангирана на 46. место според Индексот на економски слободи за 2021 година на Херитиџ фондацијата, објавен во четвртокот

Вкупниот резултат на Индексот за економска слобода на Македонија годинава е 68,6 и е намален за 0,9 поени поради падот на трговските слободи. Сепак, во споредба со земјите од опкружувањето сме најдобро рангирани, на 46. место, дури и пред Словенија која е на 48 место, Србија на 54, Косово на 58, Хрватска на 79 место… И натаму сме во групата умерено слободни економии

Македонија е рангирана на 46. место според Индексот на економски слободи за 2021 година на Херитиџ фондацијата, објавен во четвртокот, на кој и натаму е во групата умерено слободни економии. Вкупниот резултат на Индексот за економска слобода на Македонија годинава е 68,6 и е намален за 0,9 поени во однос на претходниот извештај, пред се поради падот на трговските слободи. Сепак, главните забелешки се однесуваат на неефикасното судство кај нас, гломазниот јавен сектор, корупцијата, големите и неефикасни субвенции и тн.

Нашата земја е рангирана на 27-то место меѓу 45 земји во регионот на Европа, а нејзиниот вкупен резултат е под регионалниот просек, но над светскиот просек, се вели во делот на извештаот посветен за Македонија.

И покрај влошената оцена, во споредба со земјите од опкружувањето Македонија е најдобро рангирана, дури и пред Словенија, која е на 48 место, Србија на 54, Косово на 58, Хрватска на 79 место, како и Црна Гора која е на 80 и БиХ на 82 место. Од другите наши соседи, Бугарија е на 35 место, Албанија е на 66, а Грција е на 96 место. https://nezavisen.mk/heritidzh-neefikasnoto-sudstvo-i-nadueniot-javen-sektor-gi-ogranichuvaat-ekonomskite-slobodi-vo-s-makedonija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close