fbpx
ВестиСовети

Негата на овоштарникот пред првиот мраз е многу важна!

Експертитезаовоштарство, нагласуваатдекамногу е важноовошнитедрвјадасеподготватзазимата, а тоа е неопходнодасеодработипредпрвитемразови, соцелспречувањенаможните штети, кои со почетокот на вегетацијата во пролетта, може да ги предизвикаат болестите и штетниците.

Земјоделските стручни лица, чија најтесна специјалност е овоштарството, нагласуваат дека негата на овоштарникот после бербата е многу важна. Како што објаснува, советничката Силвија Хоџиќ, ако овошката не го намали движењето на соковите, а нагло настапат ниски температури, листот на дрвото, најмалку може да не загрижи. Таа, напоменува дека, во случај на нагло заладување и движење на соковите внатре во стеблото, може да дојде до пукање на кората и замрзнување на стеблото.

Хоџиќ, ги советува овоштарите дека поради тоа, треба да се изврши прскање со 5% раствор на UREA. Таа концентрација е доволна да предизвика паѓање на лисјата, а на тој начин сме ја принудиле овошката да ги исфрли лисјата на кои може да се најдат и предизвикувачи на некои болести, а исто така сме ја натерале и да почне да се подготвува за зимата, да го намали движењето на соковите и така да ја зголеми отпорноста на ниски температури.

Со санациска резидба – отстранете ги местата за презимување на штетниците

После паѓањето на лисјата, време е за санациска резидба на овошката. Тоа подразбира, со ваквата резидба да се отстранат само сувите, болните, оштетените и скршените гранки. Таквите гранки, претставуваат совршено место за презимување на штетните инсекти и габи, кои идната година на овоштарите ќе им создадат сериозни проблеми. При таквата резидба треба строго да се внимава, да се ограничиме само на санација, а со тоа и да се посвети вниманиена тоа резот да биде што помал. Во случај со резидбата да се направат големи рани, тие мора да се премачкаат со овоштарски восок, со цел да се спречат можни напади од несакани организи (бактерии, габи и инсекти).

Заштитете го овоштарникот со бакарни препарати и минерални масла

После отстранувањето на лисјата и санациската резидба, би требало пред зимата, да се изврши уште една заштитна мерка, а тоа е прскање со бакарни препарати и минерални масла. Кога нема повеќе лисја на дрвото (соодветно време за прскање на овоштарникот е кога од овошните стебла ќе отпадне 60-70% од лисната маса), можеме слободно и сигурно да употребиме бакарни препарати по препорака од стручно лице за заштита на растенијата. Тие имаат улога на сузбивање на инсектите и габите кои би можеле да презимат на овошката, а некои, доколку се појават, единствено со тоа третирање може успешно да се контролираат. Затоа, со прскањето се намалува нивниот напад врз овоштарникот, следната година.

Не ги прскајте растенијата при ниски температури

Третирањето треба да го извршите при убаво време, без ветер, со задолжително користење на заштитна опрема и кога температурата е над 5°C. Овошките мора да се третираат се додека не се потполно водени, поради што често се вели дека овошните дрвја, потребно е да се „искапат“. Хоџиќ препорачува, прскањето да се врши наутро, веднаш после росата, со цел до крајот на денот, препаратот да се исуши. При ветровити време и ниска температура, не е препорачливо да ги третирате овошките, ниту пак се препорачува прскање при ниски температури, затоа што може да дојде до замрзнување на младите гранки.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close