fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Нема грозје за домашните винарии ако тие не ги покачат цените најмалку на старото ниво

Нема грозје во винариите, ако нема цени најмалку како ланските. Вака се заканија тиквешките лозари , откако и две недели по средбата со министерот договор нема.

Од здружението „Напредни лозари“ ги повикуваат сите производители на грозје да не наберат ниту зрно, додека винариите не се откажат од најавата, грозјето да го откупуваат по цени пониски од минатогодишните. Подготвени се да ја жртвуваат целата реколта, но, како што велат, еднаш за секогаш, да стават крај на лозарската голгота.

Интерес од соседните земји за откуп на гозјето има, но се уште нема конктретни барања. Лозарите се разочарани од Министерството за земјоделие, кое на последната средба во Кавадарци пред две недели вети дека ќе организира средба со винариите, на кои ќе им укаже дека треба да имаат коректен однос кон своите партнери – земјоделците, да формираат цени кои нема да бидат навредливи за трудот на земјоделецот.

Од Министерството денеска за Телевизија 24 потврдија дека досега средба се уште немало, но велат дека цело време комуницираат со сите засегнати страни.

„МЗШВ е во постојана комуникација со лозаропроизводителите и со винарските визби. Во најскоро време ќе биде организирана средба.“

Лозарите го кренаа гласот откако пред две недели винаријата Мовино излезе со цени кои се за 30 посто пониски од ланските за вранецот и 40 проценти пониски за смедеревката. Тие велат дека овој пример почнале да го следат и други винарии во земјава.

извор:24.мк

Слични написи

Back to top button
Close