fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Лебот не треба да поскапи пред јануари 2022 година

ВИДЕО-Нема никаква основа да биде зголемена цената на брашното за лебот и белите печива,реагираат од Федерацијата на земјоделците на Македонија.

 

Асоцијацијата на земјоделци на Македонија не се согласува и остро реагира на најавата за зголемување на цената на лебот и на белите печива.

 

 

Како што вели претседателот на Асоцијацијата, Перо Стојкоски нереално е барањето на млинарите да се зголеми цената на лебот при откупена пченица по 10,5 денари за килограм и со домашни потреби доволни до крајот на годинава.

– Остро ќе се спротивставиме зашто до крајот на јануари наредната година, за потребите имаме домашна пченица од 26 милиони килограми, откупена по 10, 5 денари за да се заштити домашниот стандард. Пченицата речиси 80 насто е веќе откупена по цена од 10, 5 денари за килограм. Верувам дека е и исплатена, но, уште при откупот реагиравме дека цената на пченицата е ниска. Но, таа наша реакција не беше прифатена со објаснување дека имаме евтин и квалитетен леб. Имајќи предвид дека и ние сакаме да имаме евтин леб, ја прифативме таа цена од 10,5 денари за килограм. Откупот на пченицата заврши, сега веќе имаме најава за зголемување на цената на брашното, на лебот и на белите печива, но и за зголемување на цената на откупот на пченицата. Но прашуваме која пченица, која е веќе откупена. Во земјава немаме потреба за увоз на пченица до крајот на јануари наредната година. Дотогаш имаме наша пченица откупена по 10,5 денари и дотогаш не треба да се зголемува цената на лебот – вели Стојкоски.

Во земјава, како што објаснуваат од Асоцијацијата, се произведуваат околу 260 милиони килограми што се доволни до крајот на годинава. Инаку, се трошат околу 450 милиона килограми и разликата се надоместува со увоз, но таква потреба евентуално ќе има по јануари наредната, 2022 година и тогаш да се разговара за промени на цени. Ако инсистираат млинарите на нова цена, тогаш земјоделците бараат да им доплатат за откупената уште по пет-шест денари.

– Ако ние ја дадовме пченицата по 10,5 денари и имаме производство од 260 милиона килограми и тоа значи дека ќе имаме наша пченица до крајот на јануари наредната година. Дотогаш најостро реагираме да нема зголемување на цената на лебот и на белите печива, зашто, нашата пченица е откупена по 10,5 денари и имаме пченица до крајот на јануари 2022 година. Потоа, може да се зголеми цената на лебот и на белите печива, на што инсистираат млинарите, за онолку кулку самите млинари ќе ја преземат. Ако тие имаа намера во меѓувреме да ја зголемуваат цената на лебот, тогаш зошто не натераа да ја прифатиме оваа откупна цена од 10, 5 денари за килограм. Ако предвреме сакаат повисоки, цени, тогаш ние ќе побараме дополнително на 10,5 денари да ни се доплатат уште 5 денари. Но имајќи го предвид стандардот во земјава, се согасивме на оваа откупна цена. Во земјава немаме потреба за увоз на пченица до крајот на јануари наредната година. Дотогаш имаме наша пченица откупена по 10,5 денари и не треба да се зголемува цената на лебот до крајот на јануари. Во земјава се засејуваат 74 000 хектари, во просек по 3 тона од хектар, имаме 260 милиони килограми пченица. За да ги задоволиме потребите, ни се потребни околу 450 милиони килограми пченица. Според нашите реални пресметки и потреби на граѓаните, имаме наша пченица за да ги покриеме потребите до крајот на годинава. Кога ќе се увезува, онаа разлика од околу 150 милиона килограми, тогаш може да се разговара за други цени – вели Стојкоски нагласувајќи дека се подготвени да им ги изнесат аргументите на млинарите.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close